205
Салернитана имаше одличен финиш на сезоната по кој излезе од опасната зона, но вечерва кога требаше да го победат Удинезе на кој не му значеше ништо овој меч, домаќините доживеаа дебакл.
Удинезе победи со 4-0, а еден од погодоците беше дело на Несторовски. Негов прв гол оваа сезона во Серија А.
Во финишот од мечот навивачите на Салернитана преку своите мобилни телефони повеќе го следеа натпреварот меѓу Венеција и Каљари, и се молеа да не победат гостите.
Каљари не успеа да ја победи веќе испаднатата Венеција, одигра само 0-0, а по последниот свиреж на тој меч, следуваше вистинско славје во Салерно.