Мбапе одлучи да остане во ПСЖ, па неговиот сон да заигра за Реал Мадрид веројатно ќе остане само сон.
Во Реал Мадрид се разочарани од неговиот однос, од неговото лажно ветување, а тој сега им вели дека ќе биде најголем нивни фан во финалето од ЛШ во сабота.
„Би сакал да му се заблагодарам на Реал Мадрид и Флорентино Перез, разбирам дека тие се разочарани сега“, вели Мбапе.
„Навистина ја разбирам честа и привилегијата да те сака институција како што е Реал Мадрид. Јас ќе бидам најголем навивач на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во Париз, кој е мојот дом“.
„Уверен сум дека во ПСЖ ќе продолжам да напредувам, во клубот кој дава се за да ги достигне најголемите височини. Многу сум среќен што останувам во Франција и тоа ми дава можност да ги остварувам моите соништа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.