Ла Лига ќе го тужи ПСЖ за трансферот на Мбапе

by
1 минути читање

Во соопштението на Ла Лига објаснуваат дека е невозможно ПСЖ да си дозволи таков договор со Мбапе кога во изминатите години пријавуваат само загуби, а сметката за плати им е огромна.

Тие потенцираат дека ПСЖ лани пријавил 220 милиони евра, а збирно со минатите години е во минус од 700 милиони евра. Од друга страна пак има годишна сметка за плати од околу 650 милиони евра.

Ла Лига смета дека тоа што го прави ПСЖ е скандалозно, тие не само што го прекршуваат финансискиот фер-плеј на УЕФА, туку го прекршуваат и тој на француската лига.

Тие ќе го пријават ПСЖ на УЕФА, на француските власти и на авторитетите на ЕУ. Ла Лига ќе бара одговори како францускиот клуб може да си ги дозволи сите тие трошоци, а останатите клубови да не можат и да бидат казнувани.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×