Дали Перишиќ го искористи Јувентус за да добие поголема плата од Интер?!

by
1 минути читање

Изминативе денови
често имаше гласини дека Иван Перишиќ може да направи предавство и кариерата да
ја продолжи во лутиот ривал на Интер откако Јувентус му понудил плата од 6
милиони евра по сезона.

Според денешното
издание на Газета дело Спорт, „нероаѕурите“ не сакаат да го видат Хрватот во
дресот на „бјанконерите“ па решиле и тие на маса да стават плата од 6 милиони евра.

Директорите на
Интер во понеделник или вторник ќе се сретнат со агентите на Иван Перишиќ и ќе го
презентираат новиот предлог.

Последната понуда
на клубот од „Џузепе Меаца“ беше 4,5 милиони евра по сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×