Гвардиола: Потешко е да се освои Премиерлигата отколку Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола двапати ја има освоено Лигата на шампионите, но не успеал да стане шампион со друг клуб освен со Барселона.

Досега му донесе три титули на Манчестер Сити во Премиерлигата, а многу блиску е и до четвртата, до неа ќе дојде утре ако ја победи Астон Вила.

„Потешко е да се освои Премиерлигата отколку Лигата на шампионите. Во Премиерлигата има повеќе кола, повеќе натпревари, многу повреди, добри и лоши фази… Голем успех за нас е тоа што успевавме да бидеме шампиони минатите години. Не велам дека Лигата на шампионите не е важна, секако дека би сакал да бев во Париз следната недела, но играњето 38 натпревари е поразлично од играње на шест или седум меча“, вели Пеп Гвардиола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×