Рома лесно го победи Торино и завери место во Лига Европа, Абрахам сруши рекорд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома имаше позитивна увертира пред финалето од Конференциската лига. Денешниот меч им беше значаен за заверка на местото во Лига Европа иако дотаму можеа да стигнат и со освојување на европскиот трофеј за кој ќе се борат во среда. Но вака ќе го немаат тој притисок.

Два од трите гола на Рома беа дело на Абрахам кој стана Англичанецот со најмногу голови во Серија А. Сезоната ја заврши со 17 голови во лигата и го помина Гери Хиченс кој во сезоната 1961/62 постигна 16 голови за Интер.

Рома поведе со убав гол на Абрахам во 33. минута, а девет минути подоцна тој даде нов гол, овојпат од пенал кој беше направен врз него. Волчицата водеше со 2-0 по првото полувреме.

Во вториот дел Рома доби нов пенал, овојпат по прекршок врз Заниоло, од белата точка прецизно биеше Пелегрини и ги постави конечните 3-0.

Рома во моментов е петто место, но ако Лацио остане непоразен против Верона, тимот на Мурињо сезоната ќе ја заврши на шестото место.

Сега погледите на Рома се насочуваат кон Тирана каде во среда против Феенорд играат во финалето од Конференциската лига.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×