Тоти потврди, во понеделник ќе го убедува Дибала да потпише за Рома

by
1 минути читање

Еден од главните трансфери ова лето ќе биде и тој на Пауло Дибала кој како слободен играч треба да ја одбере својата следна дестинација.

Се верува дека Дибала е најблиску до Интер, но и неколку други клубови се во игра, а меѓу нив е и Рома.

Франческо Тоти вели дека во понеделник ќе го види Дибала на ревијалниот меч во Милано во чест на Ето. Легендата на Рома ќе се обиде да го убеди Дибала да потпише за Рома.

„Ќе видиме дали ќе можеме да го донесеме во Рома, ќе се видам со него во понеделник и се надевам дека ќе го убедам“, вели Тоти.

„Ќе бидеме во Милано на мечот за Ето, ќе играме заедно и ќе му кажам некои работи, се надевам дека ќе можам да ставам нешто во неговата глава“.

Познато е дека Дибала има голема почит за Тоти, тој бил еден од неговите идоли, но прашање е дали Рома финансиски може да му понуди слична сума каква и Интер. Адут на нероазурите е и играњето во Лигата на шампиони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×