Има голем политички притисок врз Мбапе да остане во ПСЖ, големи се шансите да остане

by
1 минути читање

Иако Мбапе му даде збор на Флорентино Перез дека ќе потпише за Реал Мадрид, сепак изгледа дека тоа нема да се случи.

Во меѓувреме ПСЖ не бира средства за да го задржи фудбалерот, покрај големите пари и привилегии кои му ги даваат, притисок прават и политичарите како Макрон и емирот од Катар.

„Има голем политички притисок врз Килијан Мбапе и ПСЖ сега е многу, многу уверен дека тој ќе потпише нов договор со нив во следните 24-48 часа. Реал Мадрид го разбира тоа. Тој е многу блиску до нов договор со францускиот клуб“, вели познатиот фудбалски новинар, Ди Марцио.

Годините на Мбапе се идеални за преселба во некој од најголемите клубови и најголемите лиги. Со останувањето во француското првенство ќе потроши уште некоја година од својата кариера, а прашање е дали ПСЖ ќе успее да ја освои Лигата на шампионите која очајно ја посакува.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×