Иако Борусија Дортмунд сезоната ја заврши на второто место во Бундеслигата, сепак раководството на клубот не е задоволно од работата на Розе.
„Борусија Дортмунд и тренерот Марко Розе ставаат крај на соработката. Ова е резултат на интензивната анализа на сезоната во четвртокот на која присуствуваа Ханс Јоаким Вацке (извршен директор), Михаел Зорк (спортски директор), Себастијан Кел (шеф на одделот за лиценцирани играчи) и Матијас Замер (надворешен консултант)“, стои во соопштението на клубот.
Борусија Дортмунд соопшти дека отказ добиваат и членовите на стручниот штаб на Розе, асистентите Алекснадер Циклер и Рене Марич, како и кондициониот тренер Патрик Еибенбергер.
Клубот почнува потрага по нов тренер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.