Ако Барнли испадне, може да бидат бесни на судијата (ФОТО)

by
1 минути читање

Барнли водеше на Вила Парк со гол на Барнс во 45. минута, но не ги освоија трите бода бидејќи Буендиа во вториот дел го изедначи резултатот.

Барнли со Лидс се бори за опстанок, двата тима имаат по 35 бода, па во последното коло ќе се знае која од овие две екипи ќе испадне, а која ќе се спаси.

Акцијата за израмнувачкиот гол на Астон Вила синоќа почна со неправилно изведен аут. Мети Кеш ја фрли топката во игра иако со едната нога газеше длабоко во теренот.

Обично во ваква ситуација се суди неправилен аут и топката се доделува на другата екипа, но синоќа немаше ништо од тоа, па ако Барнли испадне, а двата загубени бода се покажат како клучни, може да бидат бесни за овој момент.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×