Голманот одбрани три пенали, Нотингем форест ќе игра на Вембли за пласман во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Легендарниот англиски клуб, Нотингем форест е на чекор до враќање во Премиерлигата откако на пенали го поминаа Шефилд јунајтед.

Нотингем форест со 2-1 победи на гости кај Шефилд во првиот меч, но со ист резултат синоќа загуби на свој терен. Во продолженијата немаше голови, па пеналите одлучуваа кој ќе оди во финалето. Во нив царуваше нивниот голман кој одбрани три пенали.

По крајот на мечот теренот на стадионот се наполни со навивачи на Нотингем форест.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×