Арсенал за два меча успеа да го сруши сето тоа што го градеше во текот на сезоната. Синоќешниот пораз од Њукасл беше екстремно разочарувачки за топчиите.
„Тешко е да се свари ваква ноќ. Њукасл заслужи лесно да победи, тие беа многу подобри од нас од првата до последната минута. Ние ништо не одигравме“, вели Артета.
„Тие беа многу подобри во секој сегмент. Ние бевме лоши со топка. Многу работи се случија, имавме принудни замени поради повреди, но тоа не е изговор. Њукасл заслужи да победи“.
„Екстремно сум разочаран. Њукасл беше 10 пати подобар од нас и потполно заслужи да победи“.
„Нашите перформанси не беа ни блиску до ниво на тим што би играл во Лига на шампиони“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.