Синоќа со гол на Милинковиќ-Савиќ во 95. минута Лацио се спаси од пораз против Јувентус во Торино и го завери пласманот во Лига Европа.
Често се шпекулира за заминување на српскиот фудбалер од Лацио, но тоа никако да се случи.
„Зборував со претседателот и бев уверен дека доколку Милинковиќ замине, тоа нема да се случи лесно и нема да остане во Италија“, открива Сари.
Самиот Милинковиќ-Савиќ не размислува многу за заминување.
„Напредував под водство на Сари, постигнав 11 голови и имав 11 асистенции, па можам да кажам дека ова е најдобрата сезона во мојата кариера досега. За следната сезона потребни ни се уште неколку фудбалери за да целиме на местата кои водат во Лигата на шампионите“, изјави фудбалерот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.