Борусија Дортмунд е машина за пари, од пет фудбалери направија профит од 321 милион евра

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд си замина за откупна клаузула од само 60 милиони евра, неговата реална цена на овој пазар е значително поголема, но Борусија Дортмунд не треба многу да жали за тоа.

Некои медиуми направија анализа колку заработи Борусија Дортмунд во изминатиот период продавајќи неколку од своите големи ѕвезди.

Усман Дембеле го продадоа на Барселона за дури 105 милиони евра, а го купија за 15.

Фасцинантно е што Пулишиќ го купија за 250.000 евра, а му го продадоа на Челси за 64 милиони евра.

Санчо беше купен за 8 милиони евра, а продаден за дури 85 милиони евра на Манчестер јунајтед.

Обамејанг го купија за 13 милиони евра, а го продадоа за 63 милиони евра на Арсенал.

За Халанд кој сега заминува во Манчестер Сити, платија 20 милиони евра.

За овие пет играчи вкупната сума која ја платија изнесува 56 милиони евра. Секој од нив поединечно го продадоа за повисока сума од таа. 

Вкупната сума за која ги продадоа овие пет играчи изнесува 377 милиони евра. Тоа значи дека профитот е 321 милион евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×