По три меча без
победа, избраниците на Томас Тухел стигнаа до цел плен и со триумф од 0-3
си заминаа од гостувањето кај Лидс.
Маунт прекрасно
погоди од врвот на шеснаесетникот за 0-1 веќе во четвртата минута, а работата
на „сините“ дополнително им се олесни кога Даниел Џејмс доби директен црвен
картон во 24. минута.
Челси ја искористи
бројчаната предност во продолжението од натпреварот, Пулишиќ зголеми на 0-2 во
55. минута а точка на натпреварот стави Лукаку во 83. минута.
Лидс со овој
пораз остана во зоната за испаѓање и грчевито ќе се бори за опстанок, „белите“
исто така испишаа негативен рекорд и станаа првиот тим во историјата на
Премиерлигата со 100 жолти картони во една сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.