Прашање на време
е кога Ерлинг Халанд ќе биде потврден како ново засилување за Пеп Гвардиола,
напаѓачот попладнево во Брисел ги поминал лекарските прегледи со Манчестер
Сити.
„Граѓаните“
наскоро ќе ја активираат неговата откупна клаузула и ќе го комплетираат
трансферот.
Останува да се
види само кои ќе бидат вистинските бројки од зделката. Подолго време се
шпекулира дека откупната клаузула е 75 милиони евра, а платата на напаѓачот на „Етихад“
ќе изнесува 30 милиони евра годишно.
Според добро упатениот
новинар Фабрицио Романо, откупната клаузула е околу 60 милиони евра а не како
што претходно се пишуваше. Тој исто така пренесува дека Ерлинг Халанд нема да
има поголема плата од Кевин де Брајне, фудбалерот од Белгија во моментов е
најплатен фудбалер на Манчестер Сити со неделни примања од 375.000 фунти (околу
19,5 милиони фунти годишно
или околу 23 милиони евра).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.