Баерн Минхен не е опција, познат е новиот клуб на Халанд

by
1 минути читање

Се чини дека веќе нема дилеми, Манчестер Сити ќе биде новиот клуб на Ерлинг Халанд, а тоа официјално ќе биде соопштено наскоро.

Директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ ја отфрли можноста тој да пристигне во Баерн Минхен.

„Ние нема да бидеме следниот клуб на Ерлинг Халанд, тоа е сигурно“, изјави Салихамиџиќ.

„Атлетик“ денеска објави дека се е договорено и во текот на оваа недела ќе биде соопштено дека Халанд ќе биде нов фудбалер на Манчестер Сити.

Сити ќе ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра за Халанд, плус ќе плати провизија на агентите. А фудбалерот се очекува да потпише петгодишен договор за плата од околу 30 милиони евра по сезона.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×