Ремито на Ливерпул со Тотнем ги врати црвените чекор назад во борбата за титулата бидејќи ако претходно им одговараше и реми на Сити, сега мора да чекаат пораз на тимот на Пеп Гвардиола.
Сити има гол разлика од +68, Ливерпул има од +64. Па покрај тоа што треба да чека пораз на Сити, тимот на Клоп треба да ја поправи и гол разликата.
Интересно, Манчестер Сити во последното коло игра со Астон Вила, тимот кој го предводи легандата на Ливерпул, Стивен Џерард.
Сигурно дека тој ќе има посебна мотивација да му помогне на Ливерпул да дојде до титулата, а и црвените би сакале едно такво сценарио во кое Џерард ќе има влијание за трофејот кој не успеа да го освои како фудбалер.
Но Џерард и Астон Вила играат и против Ливерпул и тоа веќе утре. Па доколку Вила победи, Џерард може да му ги урне и сите шанси на својот „Ливерпул“.
Распоредот на Манчестер Сити и Ливерпул до крајот на сезоната:
Манчестер Сити
Вулвс – Манчестер Сити
Вест Хем – Манчестер Сити
Манчестер Сити – Астон Вила
Ливерпул
Астон Вила – Ливерпул
Саутемптон – Ливерпул
Ливерпул – Вулвс
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.