Пеп на чуден начин го брани неуспехот со Сити: Рома потроши многу пари, а не е во ЛШ

by
1 минути читање

Откако Гвардиола е во Манчестер Сити, според некои пресметки клубот потрошил и повеќе од милијарда евра за засилувања, но трофејот од Лигата на шампионите се уште е само желба.

Со секоја измината година, притисокот за Гвардиола да го освои ова натпреварување со Манчестер Сити се зголемува. 

На денешната прес-конференција тој ги изненади сите откако ја одбра Рома за споредба. 

„Според мене, не е се во парите, и фановите не го разбираат тоа“, вели Гвардиола.

„Рома исто така потроши многу пари, но тие не се во Лигата на шампионите“.

Италијанските медиуми веднаш направија споредба меѓу потрошените суми на Сити и Рома за оваа сезона. 

Најскапо засилување на Рома беше Абрахам кого го купија за 40 милиони евра од Челси. За Кумбула на Верона и платија 26,5 милиони евра, за Шомуродов платија 18 милиони евра, за Виња 13,6 милиони евра и за Руи Патрисио 11,8 милиони евра.

Вкупната сума која Рома ја потроши во овој период е 109,9 милиони евра. Манчестер Сити само за Џек Грилиш плати 117,5 милиони евра.

Не e ни потребна споредба за тоа Манчестер Сити каков тим има создадено со трошењата во изминатите преодни рокови во споредба со Рома, па оттаму изненадува споредбата на Гвардиола со овој италијански клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×