Барселона е блиску до договор со Гави, Чави е оптимист

by
1 минути читање

Барселона има генерација која ветува, по Араухо, следен со кој ќе го продолжи договорот треба да биде Гави.

Денеска се одржал состанок меѓу раководството на Барселона и агентот на Гави, Иван де ла Пења. Двете страни се блиску до договор.

Барселона му нуди петгодишен договор со подобра плата. Откупната клаузула од 50 милиони евра ќе биде избришана и веројатно ќе биде ставена откупна клаузула од милијарда евра, како што вообичаено прави клубот.

Во текот на следната недела треба да биде одржан нов состанок на кој ќе се финализираат деталите за новиот договор.

„Двете страни сакаат да продолжат заедно, па тоа ќе биде одлична вест за навивачите на Барселона. Многу е важно да го задржиме Гави. Тој е дел од проектот за иднината на клубот. Имам одличен однос со неговиот агент“, изјави Чави.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×