Мурињо со честитка и порака до Анчелоти: Карлето, ајде двајцата да одиме и да ги победиме финалињата

by
1 минути читање

Жозе Мурињо ја однесе Рома во финалето од Конференциската лига во својата прва сезона и има уште еден натпревар до трофеј.

„Ова е победа на фамилијата. Таму не припаѓаат само оние кои беа на теренот и на клупата, туку цел стадион. Сите кои ја сакаат Рома. Нашето најголемо достигнување е оваа емпатија, чувство на фамилија кое го креиравме со фановите“, вели Жозе Мурињо.

Тој и претходно на социјалните мрежи му го честиташе финалето на Реал Мадрид, а сега упати посебни зборови за Карло Анчелоти.

„Доколку ми дозволите, имам порака за тренерот кој ми е пријател, големиот Карлето. Ајде двајцата да одиме и да победиме во финалињата!“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×