Првиот дуел меѓу овие две екипи беше спектакл, Манчестер Сити победи со 4-3, а многумина очекуваат голови и на Бернабеу.
Проблем за Реал Мадрид ќе биде неиграњето кај Алаба кој поради повреда не е во стартниот тим, но е на клупата за резерви. Стартер на негово место е Начо Фернандез.
Анчелоти го извади очекуваниот состав, Начо и Милитао се централни дефанзивци, голман секако е Куртоа, а на бековските позиции се Менди и Карвахал, во средниот ред ќе играат Касемиро, Крос и Модриќ, странично ќе напаѓаат Винисиус и Валверде, а централен шпиц е Бензема.
Пеп Гвардиола се одлучи за офанзивна формација. На голот е Едерсон, во центарот на одбраната се Диаш и Лапорте, бекови се Вокер и Кансело. Во средината ќе играат Родри, Бернардо Силва и Де Брујне, офанизвното трио го сочинуваат Фоден, Марез и Габриел Жесус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.