Борнмут со мудар гол го победи Нотингем Форест и се врати во Премиерлигата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот меѓу Борнмут и Нотингем Форест беше директен дуел за втората позиција, домаќините победија со гол во финишот и по Фулам тие се вториот патник во Премиерлигата.

Клучниот момент се случи во 83. минута кога по еден мудар слободен удар Мур постигна гол за победа на Борнмут од 1-0.

По последниот судиски свиреж навивачите влегоа на теренот и заедно со фудбалерите го славеа големиот успех.

Останува уште едно коло од сезоната во Чемпионшип по кое ќе бидат познати четирите екипи кои ќе играат во плеј-офот за третиот патник во Премиерлигата. Досега во плеј-офот место обезбедија Нотингем Форест и Хадерсфилд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×