Дарвин Нуњез со
добрите игри го привлече вниманието на гигантите и се шпекулира дека Уругваецот
летоска ќе направи богат трансфер.
Новинарот Џанлука
Ди Марцио сега открива дека Барселона пред две години била на добар пат да го
ангажира напаѓачот за „ситни“ пари, но Бенфика во последен миг понудила повеќе
и го „украла“ голгетерот пред носот на „каталонците“.
„Поранешниот
спортски директор на Барса, Рамон Планес на Алмерија и понуди 8 милиони евра
плус бонуси како и фудбалерот да остане на позајмица уште една сезона во Алмерија
и следната година да се пресели во Барса. Роналд Куман преферираше да го добие
Лук де Јонг но и покрај тоа даде зелено светло за зделката. Кога двете страни
требаше да го комплетираат договорот, Бенфика се вмеша, понуди 22 милиони евра
и веднаш го ангажираше фудбалерот“ – раскажува добро упатениот новинар.
„Кога Дарвин
Нуњез постигна два гола против Барселона оваа сезона, по крајот на натпреварот,
во авионот, Куман го прашал Планес: „Требаше да го купиме овој Нуњез?““
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.