Реал ќе жртвува клучен фудбалер од средниот ред и летоска ќе го стави на продажба?!

by
1 минути читање

Касемиро е клучна
алка во тимот на Карло Анчелоти, но раководството на Реал Мадрид може да го
жртвува Бразилецот и да прибере средства за подмладување и освежување на составот, или поточно средниот ред.

Како што
пренесува УОЛ Еспорте, „кралевите“ се подготвени да слушнат понуди за играчот и
доколку некој на маса стави 50 милиони евра, подготвени се да дадат зелено
светло за продажба на Касемиро.

Интерес за
неговите услуги пројавуваат ПСЖ и Јувентус, а доколку репрезентативецот на „кариоките“ замине, Реал
Мадрид ќе тргне по потписот на Орелиен Чуамени од Монако.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×