Рангник се уште чека да му заѕвони телефонот и да му се јави Тен Хаг

by
1 минути читање

Рангник по крајот на сезоната си заминува од тренерската позиција во Манчестер јунајтед, но ќе остане не платниот список на клубот како советник.

Тој сака да ги слушне размислувањата на Тен Хаг и верува дека наскоро ќе добие повик од новиот тренер.

„Сигурен сум дека тој го има мојот број. Има уште неколку натпревари со Ајакс, ние имаме уште три тука. Кога и да сака да зборува со мене и да размениме размислувања, повеќе од среќен би бил да го направам тоа“, вели Рангник.

Тој беше прашан и дали Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед.

„Тоа прашање треба да му го поставите на Ерик тен Хаг. Роналдо покажа дека се уште може да биде клучен дел во овој тим, но јасно е дека на тимот му се потребни повеќе напаѓачи. Треба да бидат донесени два-три нови напаѓачи за следната сезона, тоа е јасно“.

„Манчестер Сити и Ливерпул купуваат фудбалери секој преоден рок и го засилуваат тимот. Тие купуваат играчи кои не се многу популарни во тоа време кога ги потпишуваат, но и двата тима се развија во најдобрите во светот. Нема да бидам изненаден ако играат во финалето од Лигата на шампионите за неколку недели“.

„Кога купувате фудбалери треба да ја гледате и големата слика, па да ги одберете најдобрите можни. Тие треба да одговараат на тимот, не е само да купите некои играчи од одбрана, среден ред и напад, исто е важно да ги знаете личностите на фудбалерите и дали тие би се вклопиле, дали ги исполнуваат стандардите за голем клуб“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×