Реал Мадрид слави нова титула во Шпанија, Анчелоти испиша историја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид е нов
шампион на Шпанија, „кралевите“ стигнаа до титулата број 35 откако попладнево
со 4-0 го совладаа Еспањол.

И покрај тоа што
имаше големи промени во тимот, домаќините лесно стигнаа до трите бода и со два
гола на Родриго, на пауза заминаа со предност од 2-0. Во продолжението од меот
Асенсио зголеми на 3-0 а Бензема ги постави конечните 4-0.

Карло Анчелоти вечно
ќе го памети овој ден, Италијанецот испиша историја и стана првиот тренер со
титула во најсилните пет првенства во Европа (Англија, Италија, Шпанија,
Германија и Франција).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×