Антонио Конте е тренер кој има високи амбиции, сака да биде меѓу најдобрите, а тимот на Тотнем во моментов не му го дозволува тоа.
Тој вели дека по крајот на сезоната ќе седнат со раководството и ќе одлучат дали тој ќе остане или не. Но за да остане треба тимот да е конкурентен за трофеи.
„На крајот од сезоната ќе зборуваме со клубот и ќе го најдеме најдоброто решение за сите. Уживам многу во Тотнем, но што ќе биде ќе видиме“, вели Конте.
„Не заборавајте дека имам амбиција, сакам да се борам за трофеи, не за шесто или осмо место“.
Тотнем за да му создаде конкурентен тим на Конте ќе треба да ги задржи своите најдобри фудбалери и да инвестира во неколку големи засилувања.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.