Фудбалерите на Болоња го изненадија Михајловиќ, му пееја под прозор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Синиша Михајловиќ е во болница на нов хематолошки третман поради леукемијата. Неговите фудбалери решија да му приредат изненадување и го посетија во болницата.

Тие му пееја под прозорот, а тој со насмевка ги поздрави и им рече: „Минатиот пат дојдовте тука да се искупите, но денеска доаѓате заслужено. Ме подмладивте десет години, ви благодарам, ве сакам. Откако сум тука не загубивте, ќе видиме дали порано или подоцна ќе загубите па ќе можам да излезам. Но ако продолжите така со задоволство ќе седам тука“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×