Тухел открива каков совет му дал Рангник пред 25 години и му ги отворил очите

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед во четврток го пречекува Челси на Олд Трафорд, мечот ќе донесе
интересна пресметка помеѓу Ралф Рангник и Томас Тухел. Пред 25 години, Ралф Рангник
му беше тренер на Томас Тухел во нисколигашот ССВ Улм, а по тешката повреда, го
внесе во тренерските води во Штутгарт.

„Рангник ми беше
тренер кога играв во третата лига и ни кажа некои работи кои ги немавме
слушнато до тогаш“
– раскажува Томас Тухел за советот кој го добил.

„Ни рече дека како
дефанзивци не треба да го пратиме напаѓачот и во тоалет, а тоа беше нормално размислување и практика во тоа време Се знаеше, 90 минути го следиш напаѓачот и не му даваш
да дише. Ни објасни дека треба да си помагаме сите четворица во одбраната и ни објасни како
да го затвараме просторот. Ни ги отвори очите и донесе голем успех во малиот
клуб во кој игравме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×