Салемакерс и Месиас не се доволно добри, Милан носи звучно име за десната крилна позиција

by
1 минути читање

Милан до крајот
на месецот треба да добие нови сопственици, се очекува „росонерите“ да имаат
солиден трансфер буџет, и еден од приоритетите ќе биде ангажман на квалитно
засилување за десната крилна позиција.

Салемакерс и
Месиас не се доволно добри, па Малдини и Масара сакаат да донесат играч кој ќе
гарантира голови и асистенции во текот на целата сезона.

Ријад Марез од
Манчестер Сити е една од желбите, Алжирецот може да биде купен за 40 милиони
евра, но проблем е интересот на ПСЖ и високата плата на фудбалерот.

Марко Асенсио од
Реал Мадрид исто така е во тефтерот на Малдини, Шпанецот наскоро ќе седне на
маса со раководството на „кралевите“ и доколку не добие добра понуда за
продолжување на соработката, ќе побара трансфер.

Доменико Берарди
од Сасуоло е последното име, Италијанецот подолго време е на радарот на Милан и се шпекулира дека
преговорите помеѓу двата клуба се во напредна фаза, Газете дело Спорт пишува за
трансфер вреден помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×