Иднината на
Роберт Левандовски во Баерн Минхен е под голем знак прашалник, се говори дека Полјакот
е разочаран од однесувањето на раководството и тоа што не му нудат нов договор,
па решил да замине и кариерата да ја продолжи во Барселона.
Според денешното
издание на Билд, Баерн Минхен не сака да се раздели со голгетерот, но се
подготвува за негово евентуално заминување и веќе има составено листа со желби.
На врвот се наоѓа
Себастијан Алер, кој блескаше во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и направи
трансфер вреден 50 милиони евра во Вест Хем, но се покажа како големо
промашување во Премиерлигата. Напаѓачот по само 18 месеци, за двојно помала сума беше продаден на Ајакс, каде
повторно прикажува одлични партии и го привлече вниманието на неколку клубови.
Како што пишува
Билд, Себастијан Алер се вклопува во профолиот на напаѓач кој го бара Баерн
Минхен и не е потребна голема инвестиција за негов ангажман. Се шпекулира со
трансфер сума од 40 милиони евра, и плата од 10 милиони евра по сезона.
Како други опции
се посочуваат Дарвин Нуњез од Бенфика (трансфер сума од 80 милиони евра и плата
од 17 милиони евра по сезона), Ромелу Лукаку од Челси (трансфер сума од 80
милиони евра и плата од 20 милиони евра по сезона) и Патрик Шик од Баер
Леверкузен (трансфер сума од 80 милиони евра и плата од 10 милиони евра по
сезона).
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.