1,1K
Лацио имаше фантастично отворање на мечот, со гол на Имобиле уште во четвртата минута поведоа со 1-0.
Во осмата минута имаше спорен момент, голманот на Лацио, Стракоша играше со рака надвор од шеснаесетникот. Се очекуваше да добие црвен картон, но помина со жолт.
По пет минути игра во второто полувреме Оливие Жиру го израмни резултатот на 1-1.
Кога се очекуваше дека дуелот ќе заврши нерешено, Тонали по асистенција од Ибрахимовиќ даде гол во 92. минута за победа на Милан од 2-1.
Со овие три бода Милан повторно се качи на врвот во Серија А, но Интер има меч помалку.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.