Шок за Наполи, Емполи за осум минути даде три гола и направи епски пресврт за победа од 3-2! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот почна според очекувањата, пред крајот на првото полувреме Мертенс донесе водство за Наполи од 1-0, а по осум минути игра во вториот дел Инсиње зголеми на 2-0.

Но, чудото почна да се случува од 80. минута кога Хендерсон намали на 1-2, три минути подоцна Пинамонти израмни на 2-2, а истиот фудбалер даде гол во 88. минута за пресврт и победа на Емполи од 3-2.

Елиф Елмас поради повреда не беше дел од овој натпревар.

Болоња и Удинезе одиграа нерешено 2-2, а Салернитана ја победи Фиорентина со 2-1 и ги задржа шансите за опстанок.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×