Дани Алвес: Реал Мадрид имаат среќа што касно почнавме да играме

by
1 минути читање

Барселона имаше лош старт на сезоната, по што следуваше тренерска смена, на местото од Роналд Куман дојде Чави. Сега Каталонците изгледаат подобро, но Реал Мадрид е далеку на врвот.

„Реал Мадрид може да биде среќен бидејќи почнавме да играме подоцна. Би сакале да се натпреваруваме со нив на поинаков начин, но животот е таков, треба да размислуваме да го освоиме второто место“, вели Дани Алвес.

Тој поради повреда не беше дел од поразот против Кадиз, но синоќа беше во составот на дуелот со Реал Сосиедад кој Барса го доби со 1-0.

„Знаевме дека мечот ќе биде тежок, секогаш е тешко тука, тие правеа доста притисок. Првото полувреме го контролиравме добро, но ни падна интензитетот во вториот дел“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×