Рој Кин кој сега работи како фудбалски критичар на „Скај Спортс“ уште еднаш изрази разочарување од Манчестер јунајтед. Вели дека е тажен од она што го гледа.
„Не сум лут, бев лут на почетокот од сезоната. Сега сум тажен“, вели Кин.
„Го гледавте тимот на овој меч, немаше срце, немаше душа, немаше лидери, немаше вистински квалитет. Видете ги фановите на Манчестер јунајтед… никој не е изненаден од резултатот, Ливерпул можеше да даде гол секогаш кога ќе тргнеше напред“.
„Во клубот има неред од врвот. Фановите немаат време за сопствениците. На нив им треба нов тренер, нови играчи да дојдат, други да заминат…“.
„Тажно е да се гледа. Ова не е клубот за кој јас играв. Ова не е слика на тоа што беше Манчестер јунајтед кога јас играв. Не гледам сега дека тимот на Манчестер јунајтед излегува на теренот и се бори и игра со гордост“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.