Се пишуваше дека една од целите на новите сопственици на Милан ќе биде и враќање на Донарума на Сан Сиро, сепак клубот нема да го направи тоа.
23-годишниот голман минатото лето реши да замине како слободен играч, а росонерите на негово место го донесоа Мајк Мањан и не зажалија. Не загубија на квалитет, а ги намалија трошоците.
Фановите на Милан се задоволни од својот голман и не сакаат Донарума да се врати. А негово враќање не нелогично дури и за новите сопственици.
Со новите газди Милан ќе добие повеќе пари за засилувања, но тие би ги насочил за носење на квалитетни фудбалери на позиции кои е потребно да се засилат, а голманската не е една од нив.
Донарума не е среќен во ПСЖ, но нема друг клуб кој би му ја дал платата која ја бара, па не се очекува негово заминување од Париз.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.