Ливерпул е
подготвен да настапи на сцената за мошне вредниот потпис на големата надеж
Гави, чиј договор со Барселона истекува на крајот од идната сезона.
Се верува дека
фудбалерот од средниот ред сака да ја продолжи соработката со Каталонците, но
наводно посакува да биде вреднат од страна на клубот од „Камп ноу“.
Ливерпул ќе ја
тестира Барселона со тоа што наводно планира да им понуди на Каталонците 41
милион фунти, сума која всушност изнесува и самата откупна клаузула на
фудбалерот.
Баерн Минхен е
клубот кој често се споменува како најзагреан за услугите на Гави, а
ситуацијата од близу наводно ја мониторира и ПСЖ.
Гави е во
импресивна форма во дресот на Барселона сезонава, со тоа што запиша 40 настапи
во сите конкуренции, а на истите придодаде два гола и шест асистенции.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.