Што крие Баерн Минхен околу можноста Халанд да го наследи Левандовски?

by
1 минути читање

Иднината на Роберт Левандовски во Баерн Минхен е под голем знак прашалник, се говори дека напаѓачот сака трансфер во Барселона. Ерлинг Халанд се посочува како негов наследник на „Алианц Арена“ но „баварците“ велат дека не можат да си го дозволат Норвежанецот.

„Матијас Замер убаво кажа, ќе ви се сврти кога ќе ги видите бројките. Не би ја работеле нашата работа како што треба ако не следиме млад напаѓач од негов калибар. Се работи за одличен напаѓач и многу интересен фудбалер за иднината. Но финансиите потребни за комплетирање на зделката,не можеме да си ги дозволиме ниту на сон“ – вели Оливер Кан.

Сепак, одговор веднаш стигна од кампот на Ерлинг Халанд, на социјалните мержи се огласи Јан Аге Фјортофт.

„Првиот човек на Баерн, Кан вели дека тие повеќе не се во трката за потписот на Халанд бидејќи не можеле да си го дозволат финансискиот пакет. Со нетрпение го чекам денот кога на виделина ќе испадне вистината“ – напиша новинарот кој е близок до семејството Халанд.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×