Лопетеги: Реал требаше да го започне второто полувреме со 10 играчи

by
1 минути читање

Севиља синоќа испушти предност од два гола и на крајот загуби од Реал Мадрид со 2-3, Карим Бензема во 92. минута го комплетираше големиот кам-бек на гостите.

По крајот на натпреварот, Хулен Лопетеги вели дека текот на мечот ќе бил многу поразличен доколку Едуардо Камавинга на крајот од првото полувреме бил исклучен.

„Преферирам да не зборувам за судиите, знам дека потоа ќе зажалам. Но јасно е дека Камавинга требаше да добие втор жолт картон. Судијата можеби не виде најдобро што се случи, но има помошници. Реал Мадрид требаше да го започне второто полувреме со 10 играчи, и продолжението од мечот ќе беше сосема поинакво. Сите одлуки кои се 50/50 завршуваат во корист на нашите ривали“ – вели тренерот на Севиља.

Тој потоа додаде: „Во првото полувреме бевме подобар противник, но не продолживме во ист стил во вториот дел, па Реал Мадрид се врати. Моравме да правиме измени поради повреди и тоа ни го поремети ритамот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×