17 годишниот
Алехандро Гарначо, кој е роден во Мадрид но реши да настапува за Аргентина,
синоќа доби прв повик во сениорскиот тим на Манчестер јунајтед. Иако не одигра
ниту една минута, од натпреварот со Норич ќе има убав спомен, Кристијано Роналдо му ја
подари топката со која постигна хет-трик.
Младиот фудбалер
потоа се огласи на социјалните мрежи, сподели слика од овој убав гест на
Португалецот и напиша: „Најдобриот на сите времиња… Кристијано Роналдо“.
View this post on InstagramОдговор доби од Кун
Агуеро, кој му порача: „Тоа е така затоа што се уште не си играл со најдобриот,
Лео Меси“.
Овој коментар на
поранешниот напаѓач ги запали социјалните мрежи и имаше повеќе од 25.000 одговори.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.
×
