Барселона откри колку пари заработила од продажбата на билети за мечот против Ајнтрахт Франкфурт

by
1 минути читање

Елиминацијата на
Барселона во Лига Европа не е единствената тема во Каталонија, многу
незадоволство и прашалници има откако на трибините на Камп Ноу синоќа имаше
околу 30.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт и покрај тоа што на гостите им беа
доделни само 5.000 билети.

Претседателот
Жоан Лапорта најави истрага и промена на методот на продажба а истото сега го
стори и потпретседателката Елена Форт.

„Од продажбата на
билети за мечот против Ајнтрахт собравме нешто над 3 милиони евра, но немаме
причина за задоволство по она што се случи соноќа. Сакам да им се извинам на сите
членови кои синоќа беа на стадионот, жал ми е за тоа што се случуваше, тоа е
срамно и неприфатливо“
– вели Елена Форт.

Таа исто така
објасни дека Барселона директно не продала билети на навивачи од Германија,
односно блокирале продажба на билети со германски ИП адреси или германски кредитни/дебитни
картички.

„Каталонците“ се
соменуваат дека тур-операторите продале доста карти, но навивачите на Ајнтрахт
Франкфурт и преку други канали стигнале до билет. Кога ќе се заврши со обемната истрага, ќе се соопштат повеќе информации.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×