Ерик тен Хаг е
изборот на „ѓаволите“ за нов тренер. На листата со желби имало дури осум лица, на
крајот списокот бил скран на две имиња, Ерик тен Хак и Маурисио Покетино, за
конечниот избор да падне на Холанѓанецот.
Како што
пренесува Сан, директорите Дарен Флечер и Џон Мрто останале шокирани по
интервјуто со Ерик тен Хаг во Амстердам. Стратегот искрено им кажал за се што
не чини на Олд Трафорд, имал особено замерки за тоа како работат скаутите и
трансфер политиката.
По пензионирањето
на Сер Алекс Фергусон, Манчестер јунајтед потроши 1 милијарда фунти на нови
играчи, но не забалежа голем успех.
Весникот додава
дека на директорите им биле потребни денови да го сварат тоа што го слушнале,
за на крајот да бидам импресионирани од искрената проценка што ја направил Тен
Хаг за состојбата на клубот и неговата визија за иднината.
Ерик тен Хак не
се штедел со критиките за тоа како функционира клубот и на второто интервју,
кога разговарал со извршниот директор Ричард Арнолд. Холанѓанецот не барал
целосна ктрола на Олд Трафорд, но посочил дека мора да има промени и во
структурата на клубот за да се забележи успех.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.