Барса бара Суперлига а вечерва е елиминирана и од Лига Европа! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Серијата од 15
меча без пораз на Барселона е прекината во најлош момент, вечерва Ајнтрахт
Франкфурт славеше на Камп Ноу со 2-3 и ги елиминираше „каталонците“ од Лига
Европа.

Костиќ ги донесе гостите
во водство од 0-1 во 4. минута, Србинот прецизно биеше од белата точка. Во 36. минута,
Боре погоди прекрасно од далечина за 0-2. По дваесетина минути игра во второто
полувреме следеше нов студен туш, Костиќ со својот втор гол зголеми на 0-3.

Бускетс во првата
минута од судиското надоплнување намали на 1-3, Депак од пенал во 101. минута реализираше
за 2-3, но немаше време за чудо, па Барса и оваа сезона најверојатно ќе ја заврши без
трофеј.

Вест Хем со 0-3 славеше на гостувањето кај Лион
и обезбедија полуфинале во Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×