Атлетико Мадрид синоќа не успеа да му даде гол на Манчестер Сити иако со сите сили во второто полувреме се обидуваше да го направи тоа.
„Имам приоритети во животот. Првиот е да победам, а потоа е да бидам горд на начинот на кој го правиме тоа. Имаме исклучителни фанови кои ни даваат голема поддршка и го туркаат тимот. Горд сум на мојот тим тим. Имаме наш начин на игра, можеби е добар, можеби е лош, но се натпреваруваме. Овие фудбалери дадоа се од себе знаејќи дека ривалот е подобар. Но точно е дека не победивме, а тоа е најважно“, вели Симеоне.
На крајот Симеоне иронично аплаудираше на Манчесер Сити за нивното задржување на време. Но тој вели дека не е така.
„Во ниту еден момент не аплаудирав на ривалот, аплаудирав на нашите луѓе, на нашиот тим. Моите фудбалери дадоа се од себе и мислам дека заслужија аплауз, публиката им го даде тоа што заслужија“.
Симеоне беше прашан дали се почувствувал навреден од страна на Гвардиола?
„Не, немам причина да давам мислење за тоа дали некој зборувал лошо или добро. Многу интелегентните луѓе со голем речник можат и со пофални зборови да ве навредат. Но и ние кои имаме помал речник не сме глупави“.
Симеоне вели дека не ги видел инцидентите во тунелот бидејќи останал на теренот да се поздрави со фановите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.