Дел Пјеро откри што му рекол на Модриќ по мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лука Модриќ беше главниот фудбалер на теренот, тој беше прогласен за најдобар, а неговата асистенција до Родриго беше магична.

Дел Пјеро синоќа работеше како фудбалски аналитичар за Скај Спорт Италија директно од Бернабеу, па по натпреварот срдечно се поздрави со Модриќ.

„Мечот беше фантастичен. Модриќ е фудбалерот кој го промени натпреварот. Тој направи се. Беше страшен“, вели Дел Пјеро.

„Со него се знаеме е долго време. Бев среќен што го сретнав, тој е еден исклучителен фудбалер“.

„Не зборувавме многу. Тој воздивна со олеснување. Беше свесен дека беа во неволја. Само му реков: „Види, ти направи се сам пријателе, сега само уживај“.


бложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×