Луди сцени во Италија, навивач влезе на теренот и му се закани на фудбалер дека ќе му ја исече главата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот
помеѓу Фоџа и Катанцаро во Серија Ц донесе луди сцени. При резултат 1-5 за
гостите, Пјетро Јемело се подготвуваше да изведе пенал кога еден навивач влезе
на теренот и се обиде физички да го нападне.

Откако не успеа
во намерата, навивачот испрати смртни закани и му порача дека ќе му ја исече
главата.

Пјетро Лемело во
сезоната 2018/19 играше во Фоџа и тогаш влезе во недоразбирања со ултрас
навивачите и очигледно се уште имаат нерасчистени сметки.

Кратко по срамните
случувања, Пјетро Лелео беше повлечен од игра, а како што пренесуваат медиумите,
уште еден навивач влегол на теренот со намера да се пресмета со фудбалерот, па
за да не дојде до сериозен инцидент, фудбалерот бил испратен во соблекувалната
во придружба на полиција.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×