Ван Бастен: Жоао Феликс и Гризман заедно чинат 300 милиони евра, а 90 минути играат дефанзива

by
1 минути читање

И покрај тоа што има одлични креативци во тимот, Диего Симеоне не се откажува од дефанзивниот стил на игра со Атлетико Мадрид. Таквата тактика стана и негов заштитен знак.

Но, на многумина тоа не им се допаѓа, еден од нив е и Марко ван Бастен кој јавно упати критики и ја прокоментира играта на Атлетико Мадрид против Манчестер Сити.

„Легално е, дозволено е, но зошто толку дефанзивно.. изненаден сум дека тимот играше со 10 фудбалери зад топката во текот на сите 90 минути и единствената работа која ја правеа е се обидуваа да не примат гол“, вели Ван Бастен.

„Жоао Феликс и Гризман заедно чинат 300 милиони евра, а се бранат 90 минути, топката не дојде до нив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×