Пред вчерашниот меч, Герет Бејл последен пат на Сантијаго Бернабеу настапи на 26 февруари 2020 година во поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Во меѓувреме играше на „Алфредо Ди Стефано“, но вчера му беше прв меч на Бернабеу.
Во 74. минута од мечот со Хетафе, Карло Анчелоти одлучи да го стави Бејл во игра на местото од Карим Бензема.
Бензема беше испратен со аплаузи од навивачите, но потоа следуваа свирежи за Герет Бејл кога тој влегуваше на теренот. Велшанецот само саркастично се насмеа и продолжи.
Навивачите на Реал Мадрид не ги забораваат испадите на Герет Бејл кој го навредуваа клубот. За време на меч на Велс тој се сликаше со знаме на кое пишуваше „Велс, голф, Мадрид. По тој редослед“.
Бејл добиваше свирежи при секој допир со топката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.