Реал Мадрид сигурно граби кон титулата во Ла Лига, победа против Хетафе за нови три бода (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По триумфот над Челси во Лигата на шампионите, Реал Мадрид успешно си ја заврши и домашната задача откако со 2-0 го совлада Хетафе.

По еден гол постигнаа Касемиро кој погоди во првото полувреме, и Лукас кој даде гол во вториот дел.

Изненадување на денот во Примера беше поразот на Атлетико Мадрид на гостувањето кај Мајорка.

Виљареал е одличен во Европа, но е просечен во Шпанија, денеска одигра 1-1 против Атлетик Билбао.

Во првиот денешен натпревар Бетис со 2-1 победи на гостувањето кај Кадиз.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×